Колку чини еден НАТО ден?
Лет на еден бомбардер,во зависност од моделот чини меѓу 10 и 15 илјади долари на час,дневно користење на носач на авион преку 3 милиони долари,а само еден оброк на НАТО војникот 6,77 долари. Македонските даночни обврзници ќе треба да ги покриваат ваквите трошоци.
Продолжува американскиот притисок врз Република Македонија за брзо склучување воен сојуз со воената НАТО организација. Истовремено,продолжува и притисокот за итно ,,наоѓање решение,, во измислениот спор меѓу Атина и Скопје околу името на Република Македонија. Тоа ќе рече,итно менување на името на македонската држава и можно губење на идентитетот на македонскиот народ. Згора на се,според американската замисла,претставена како ,,предлогот на Груевски,, македонскиот народ ќе треба самиот себе си да си го смени името на референдум,а заради ,,високите цели,,како,на пример, воениот сојуз со НАТО алијансата. И притоа,инструираните поборници за ваква разврска,ниту знаат ,ниту сакаат да објават што всушност,претставува НАТО сојузот,зошто Република Македонија би морала да биде негов дел и колку сето тоа би го чинело македонскиот даночен обврзник. Ова,дотолку повеќе доколку внимателно се проследеа зборовите на Лазе Еленовски пред неколку дена кога изјави дека Република Македонија ќе мора да купи современо оружје според стандардите на НАТО,што не значи ништо друго туку земање голем заем, со кој ќе ги задолжиме и нашите внуци,од некоја од земјите членки на НАТО,за да со тие пари,купиме оружје од истата таа земја членка на НАТО.
САД ГО СЕЛИ ИРАК НА БАЛКАНОТ
Токму затоа,чувствувам обврска да ги објавам податоците за чинењето на НАТО активностите,кои активности ќе треба да ги финансира и македонскиот даночен обврзник,доколку Македонија склучи воен сојуз со воената организација. Така,според ,,Кришчн сајенс монитор,, лет на еден бомбардер,во зависност од моделот,чини меѓу 10 и 15 илјади долари на час,дневното користење на носач на авион преку 3 милиони долари,една ракета ,,Томахавк,, околу еден милион,а само еден оброк на НАТО војникот 6,77 долари. Притоа,колку за информација,една процена на Конгресот на САД околу воените активности во Ирак вели дека само ангажирањето на воените трупи изнесува 14 милијарди долари,првиот месец на војната малку повеќе од 10 милијарди,а секој нареден месец уште по 8 милијарди,додека повлекувањето на армијата од Ирак ќе чини нови 9 милијарди долари месечно. Овде не се додадени трошоците на окупацијата кои изнесуваат од една до четири милијарди месечно. Напоменато е,за жал,дека не постојат можности да се предвидат трошоците за обнова на разрушениот Ирак,хуманитарната помош,надомест на колатералната штета...Вилијам Нордхаус,економист од унивезитетот Јејл има своја пресметка. Според него,војната во Ирак ќе чини 990 милијарди во периодот до 2012 година доколку војната заврши брзо и САД и НАТО сојузниците победат и,неверојатни 1.900 милијарди долари доколку работите не се одвиваат според предвиденото. Ете затоа пред неколку дена,делегацијата на НАТО,предводена од нејзиниот генерален секретар,беше дочекана со најжестоките антиНАТО протести одржани досега,при нејзиното пристигнување во главниот град на Украина,Киев.
ЦИВИЛИТЕ - БЕЗВРЕДНИ ЗА ГОСПОДАРИТЕ НА ВОЈНАТА
Истовремено,стручњаците на Меѓународниот институт за проучување на мирот - СИПРИ - во Стокхолм објавија дека од 3200 година пред нашата ера,до денес во светот се водени 14.560 војни,во кои загинале 3,6 милијарди луѓе. Притоа,за убивање еден војник во војните од почетокот на 20 век требало да бидат потрошени 25.000 долари,а на крајот на 20 век,на пример,во тек на НАТО агресијата врз тогашна СР Југославија,во 1999 година,дури 10,4 милиони долари.Убивањето на децата,жените,старците,објавено како колатерална штета воопшто и не се пресметува,бидејќи луѓето цивили немаат вредност за Господарите на војната.
Со изнесувањето на овие податоци сакам да го илустрирам економското чинење на милитантните активности на воената организација чија членка треба да биде Република Македонија,а заради кое членство треба да си го смени и сопственото име. Можеби уште повеќе овие бројки треба да ја покажат методологијата на размислување и делување,како и филозофијата на однесување на САД и нејзините НАТО партнери. Филозофија,уривачка во својата суштина,филозофија толку спротивна на македонската градителска 25 вековна мисла.
На крајот само да ве потсетам дека државата членка на НАТО,Грција токму сега купува оружје во вредност од 24 милијарди долари,од земјите членки на НАТО,кои,за жал,доколку Атина процени д嬬ка е потребно,ќе и дозволат и да го употреби. Не е тешко да се претпостави дека Македонија и Турција се потенцијалните мети на атинските нишанџии. Токму затоа,уште еднаш ќе повторам:
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МОРА ИТНО ДА ПОБАРА НЕУТРАЛЕН СТАТУС ПО ПРИМЕРОТ НА ШВАЈЦАРИЈА,А ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ООН.