Атина,веќе му се лути на американскиот конзул во Солун,кој,којзнае,можеби размислувал како би функционирала вештачката творба Република Грција како федерација на двете нејзини сегашни провинции - Елада и Македонија. [повеќе]
Лет на еден бомбардер,во зависност од моделот чини меѓу 10 и 15 илјади долари на час,дневно користење на носач на авион преку 3 милиони долари,а само еден оброк на НАТО војникот 6,77 долари. Македонските даночни обврзници ќе треба да ги покриваат ваквите трошоци. [повеќе]
Што може да се очекува од луѓе за кои оружјето е основната алатка на демократијата, насилството стил на живот,а одземањето на основното човеково право - правото на живот,метод за стекнување ,,човекови права,, [повеќе]
Освен за нашето мото „Да спречиме...„, кое се однесува на спречување на промената на името и на губењето на идентитетот, спречување на федерализација на државата и на сите зла што на овој народ со своите антимакедонски проекти му ги направија сите досегашни гарнитури на власт, јас, како човек што учествуваше во одбраната на Република Македонија од агресијата на албанските терористи во 2001 година, особено ќе се заложам за правата на македонските бранители. [повеќе]
Неспособни да изградат сопствена стратегија за развој и опстанок на македонската држава,ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ,свесно или не,работат во полза на соседните големодржавни стратегии,со што ја доведоа државава на работ на пропаста.[повеќе]
Шеснаесет години наназад,откако на македонскиот народ му беше дадена можноста да ја возобнови својата држава на само еден дел од својата територија,целокупната меѓународна заедница очекува во Македонија да се возобнови и развојот на автентичната македонска мисла,која ќе развие автентична македонска стратегија за сопствената иднина и опстојба... [повеќе]
Свесни за исклучително сериозната ситуација во која се најде Република Македонија,заедно со земјите од регионот,а по едностраното отцепување на еден дел од суверената држава Република Србија,во името на независно Косово,се обраќаме до Владата на Република Македонија и до Претседателот на државата,со укажување дека никој од нив нема право на избрзана и непромислена одлука... [повеќе]
Република Македонија не само што не смее да прифати било каква промена на своето уставно и вековно име,туку мора час поскоро да ги напушти преговорите под покровителство на Нимиц,бидејќи тие се директен вовед во распадот на државава... [повеќе]
Доколку вистинската цена за влез на Република Македонија во воената НАТО организација е губењето на македонското име и идентитет и поделбата на државава по етничка основа,тогаш се поставува прашањето дали после влезот во НАТО нема да ни згорчи и медот што ќе потече низ Серава... [повеќе]
Македонските власти не смеат по никоја цена да потклекнат пред ветувањата нa албанските спонзори, САД, за побрз прием во НАТО доколку билатерално го признаат независно Косово. Не смеат ниту да ја прифатат... [повеќе]
Вашингтон и македонските албанци работат на иста агенда - промена на името на државава,а со тоа и губење на македонскиот идентитет. САД уште еднаш ги користат албанците во државава како свој сојузник во притисокот врз македонскиот народ да си го смени името и да се откаже од сопствениот идентитет... [повеќе]
Наспроти милитантите,чија единствена алтернатива е влезот во воената НАТО организација,постои историската можност за вистински демилитаризирана и неутрална македонска држава,по примерот на Швајцарија,со гаранции од ООН,САД,Русија и Кина,како носител на мирот и стабилноста на Балканот... [повеќе]
Се поинтензивниот притисок од страна на САД врз Република Македонија за продолжување на преговорите со Атина за,како што велат,надминување на разликите околу името,како услов за брз прием на државава во НАТО,значи само едно - САД сакаат час поскоро да го исполнат својот дел од договорот со Република Грција. Имено,Вашингтон и Атина уште пред 7 месеци се договорија Република Грција... [повеќе]
Нашите некадарни политичарчиња,поттупнувани по раменици од третокласните американски мисионери во државава,беа убедени во својата ,,стратешка,, важност за САД,па се топореа со своето "стратешко" партнерство.Со тоа,ја доведоа државава во опасност... [повеќе]
Денешниве патриоти им префрлаат на комунистичките функционери како наместо на Солун тргнале на Срем и Трст,а тие самите не го заборавија само Солун,туку и Пирин и Преспа,па со кутриот Еленовски на чело,а како ,,партнери,, на НАТО,тргнаа во освојување на Сараево,Кабул и Багдад... [повеќе]