Татковинска Македонска Организација за Радикална Обнова

ТМОРО - ВЕП



Мај 2008, МАКЕДОНИЈА

Изборна програма 2008

А. ОПШТИ ОПРЕДЕЛБИ НА ТМОРО - ВЕП
Б.ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА ПОЛИТИЧКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ
В. ТЕМЕЛНИ ПОЛИТИЧКИ ПРИНЦИПИ
Г. ОСНОВНИ ВНАТРЕ-ПАРТИСКИ ПРИНЦИПИ

А. ОПШТИ ОПРЕДЕЛБИ НА ТМОРО - ВЕП

По подолго време, согледувајќи дека на политичката сцена кај нас се уште не постои политичка сила која ќе биде јасно ориентирана за пазарно стопанисување, кое што е неопходно за просперитет и развој на нашата татковина, најнормално е да се појави политичка програма која ќе биде насочена кон брзо и ефикасно организирање на пазарното стопанство.

Гледајќи како досега политичките партии не беа прецизирани со каква ориентација се - гола прагма, на сцена беше непоштедна борба за освојување на власта, по што нормално следи и поделбата на пленот. Од таму и сите досегашни партиски злоупотреби на изборниот процес, битки на се или ништо - борба до истребување. Особено загрижува што во таа игра без крај се расправаа и се здружуваа македонската десница и левица, ако воопшто и може да се говори за таква поделба, во нашите услови.

Како да се смени таа матрица, односно како суштината на политичкото организирање да не биде голата прагма, односно власт по секоја цена, туку првенствена цел да биде отворањето на можноста за добар стандард. Секако со партиите со десна политичка опција, кои и натаму во Европа ги застапуваат интересите на најширокиот слој граѓани, Имено, десните политички опции за основно гесло ги имаат гарантирање на приватната сопственост, благопријатни услови за бизнис и работа и како последица на тоа добар стандард на населението.

Запоставувајќи го развојот на политичката мисла, значи и традиционалните вредности, македонските политички првенци и од десницата и од левицата, не се погрижија да ги сопрат процесите на економско пропаѓање, а со тоа и разградување на моралните вредности. Без визија, цел и заеднички вредности, политичката елита во овие 15 наши транзициски години, заговараше општествен развој, односно економска транзиција без притоа да посвети адекватно внимание на моралната транзиција, пред се, на социјалната кохезија на општеството. Елитата се затвори во себе, во личниот и групен егоизам. Поразувачка беше притоа улогата на левицата, од која никој не бараше да преферира егалитаризам, но, исто така, не и да стимулира и нееднаквост. Ако не можеше да ја симне, тогаш барем требаше и мораше да ја релативизира.

Политичката елита се обиде, преку законски решенија и институционални форми, да гради инструменти на заштита од криминалот и корупцијата, но во тоа не успеа затоа што злото влезе во високите ешалони на власта. Општеството атрофира и поради затворањето на вентилите за движење на парите и капиталот надвор од “фамилијата”. Тој опасен тесен круг, кој е херметички затворен, остана непропулзивен за вистинскиот човечки, интелектуален и патриотски потенцијал, со кој несомнено располагаше и располага Република Македонија. Познато е дека егоизмот на групата, на” фамилијата” продуцира безалтернативност и за далеку подемократските општества од нашето. Не се успеа да се направи рамнотежа на индивидуалните и колективните одговорности и затоа имаме јасни облици на атрофија на општеството. Корупцијата однатре ја нагризува македонската сеопшта супстанца. Се уште нема закони со кои конечно ќе се стави крај на оваа состојба и нема политичка волја кај досегашните владејачки партии, односно владини партнери.

Сознанието беше дека новата надеж е во новите политички субјекти. Во новото политичко организирање и неговата нова суштина. Секако, не во модниот хит - влегување по секоја цена во таканаречениот политички центар. Нашето цврсто убедување беше дека нема надеж во голата прагма, но има во десните партии затоа што потребно е само да примениме систем кој веќе одлично функционира во најсилните економии не по обем туку по квалитет изразен во стандардот на граѓанинот.

Нашиот најсилен мотив, за промена на негативните состојби, лежи во фактот што тие се веќе алармантни и секое одлагање, го загрозува самото опстојување на државата Република Македонија. Еве само неколку показатели кои повикуваат на аларм и неодложно дејствување:

Поаѓајќи од таквите сознанија и неповолни состојби не можеме да се помириме со процесот на постојано кршење на уставот не гарантирајќи ја приватната сопственост пример: заробени девизи, пирамидални организации - ТАТ и други. Убедени сме дека тоа го нарушува потребниот баланс меѓу трудот и капиталот, при што капиталот постојано зависи од добрата волја на во тие услови нормално корумпирана власт, постојано крајно се маргинализира капиталот а со самото тоа се обезвреднува и самиот труд.

Неприфатливо е за ТМОРО - ВЕП нашите највозрасни граѓани - пензионерите, покрај тоа што се осиромашени, да се доведени во состојба, со својата пензија, да го прехрануваат и своето пошироко семејство.

Можностите пак, за работно ангажирање на невработените, се минимални. Тие, дефакто, се социјално загрозени лица. Оние пак, кои по било кој основ ја напуштиле работата, принудени се да добиваат билет само во една насока - практично на улица.

Тргнувајќи од таквите состојби, како партија на десница, ќе се бориме за гарантирање на капиталот и приватната сопственост, односно ќе се спротивставиме на реалноста егзистирање на беззаконие и хаос како производ на сите досегашни влади.

Со појавата на ТМОРО - ВЕП на македонската политичка сцена се промовираат нови принципи на политичко дејствување и нов пристап во решавањето на политичките и економските прашања од круцијална важност за државата и општеството. Секако врз основа на искуствата на современата европска организираност. Во суштината на делувањето ќе бидат традиционалните вредности на Капиталот и трудот: еднаквост, слобода, солидарност, демократија и правда.

Новата надеж од ТМОРО - ВЕП доаѓа со новите луѓе, новите искуства, новите принципи, ако сакате и во новата кадровската политика, која ќе го отвори просторот за луѓето со нагласени индивидуални способности и лични одговорности, истовремено способни за тимска, колективна работа. Обновената пазарна економија и новото политичко организирање, изразено и преку делувањето на ТМОРО - ВЕП, не признаваат бариери и ограничувања. Ниту по старосна, ниту по полова, ниту по социјална, па ниту по религиозна и национална основа. Новиот индивидуален персоналитет, за разлика од досега виденото во новото политичко организирање и одлучување, ќе значи право на свое мислење, па и издвоено мислење, со инсистирање да биде прифатено по претходна аргументација. Го нарекуваат некои тоа и фракционерство, но, во секој случај, подобро е да имате можност за отворени дебати, идеи и опции, отколку затворени, автократски, или султан-партии.

Завршните активности околу конституирањето на ТМОРО - ВЕП, временски коинцидираа со, внатрешните во земјата и активностите во телата на ЕУ, околу македонското евро - приближување, односно добиеното позитивно мислење и кандидатскиот статус.

Почетокот на преговорите сега зависи само од нас, од нашата подготвеност и брзината со која ќе ги спроведуваме реформите. Цениме дека се крајно објективни преоценките на европските авторитети. Од Брисел, со право, ни порачаа: напредок постои, но постојат и сериозни недостатоци во администрацијата, поврзани со административниот капацитет на судството, како и во нефункционалноста на пазарната економија. ТМОРО - ВЕП ќе даде активен и конструктивен придонес во надминувањето на слабостите и разрешувањето на состојбите, кои ќе го скратат патот на нашето приближување - низ статусот земја кандидат, а подоцна и земја полноправен член на европското семејство.

ТМОРО - ВЕП во меѓународните односи, особено во соработката со најблиските соседи, ќе води проактивна политика, заснована на обострана корисност и реципрочност, како темелен принцип во меѓународната партиципација. ТМОРО - ВЕП стои цврсто на ставот дека Република Македонија, со сите свои капацитети, треба да води особено проактивна политика во пресрет на разрешувањето на конечниот статус на Косово. Нашата појдовна позиција е неделивост на Косово и не-спојување со друга држава. Демократизацијата и европската перспектива, се наша заедничка перспектива, на сите земји и народи од Регионот и пошироко.

ТМОРО - ВЕП, во остварувањето на програмските цели подеднакво ќе се потпира и ќе ги обедини сите категории од населението, ставајќи го во центарот на своето делување човекот, односно граѓанинот со сите негови права и обврски. Затоа што човекот, не по своја вина, во овие долги транзициони години, остана изгубен и фрлен на маргините на животот.

ТМОРО - ВЕП, со подеднакво внимание и грижа, ќе се обраќа кон сите Македонци по род, сеедно дали живеат во земјата или во дијаспората Нивното огромно искуство во развиениот демократски свет, особено нивните менаџерски способности стекнати во услови на функционално пазарно стопанисување, се добредојдени и се од непроценлива вредност и помош во развојот на економијата и изградбата на македонското демократско општество. На сите сегашни или поранешни државјани на Република Македонија, ТМОРО - ВЕП ќе им даде шанса да влијаат на општествените процеси во земјата, да ја градат, градејќи го чувството за припадност кон својата матична држава, своја и на своите поколенија.

Изборите и новото изборно законодавство, преставуваат важна преокупација за членството на ТМОРО - ВЕП. Најважното прашање сега е како да се врати довербата кај граѓаните. Граѓаните мора да ги убедиме дека постои политичка волја за фер и демократски избори. Дека постои консензус за потребата од изборно законодавство, согласно препораките на ОБСЕ. Изборите не се само внатрешно прашање. Тие се тест за македонскиот од кон Европската Унија. Не случајно, сега, сите изјави на европските авторитети и институции се фокусираат на изборите. Од таму ни соопштуваат дека нема ништо поважно за нас од фер и демократски избори, дека очите на Европа ќе бидат вперени кон Македонија за време на изборите.

Членството на ТМОРО - ВЕП, докрај ќе ги испочитува барањата од Брисел, кои ќе значат демократска постапка и фер избори и кои конечно ќе ја легитимираат Република Македонија како земја со европски дух.

Прашањето за коалицирање за ТМОРО - ВЕП во овој момент е депласирано. ТМОРО - ВЕП е нов политички субјект, демонстрира нова политика на македонската политичка сцена и таа ќе сака самостојно да се валоризира во изборниот процес и меѓупартиски натпревар. Коалицирање ќе дојде само по себе, кога одредени политички структури ќе мораат да ја прифатат платформата на ТМОРО - ВЕП. ТМОРО - ВЕП уште сега има јасен став дека ќе коалицира, пред се со сродните на себе политички субјекти, како и со останатите, но единствено врз основа на јасна политичка платформа, која е слична на ТМОРО - ВЕП.

ТМОРО - ВЕП ќе се залага за силен пробив и афирмација на демократските процеси, со отворената и континуирана поддршка на медиумите, невладините организации и сите други институции и инструменти кои ја изградуваат и подигнуваат јавната свест на општеството.

За ТМОРО - ВЕП, особено медиумите, се една од вредностите и полугите на демократизацијата на земјата. Нејзини предвесници и креатори. Без нив нема демократска јавност и цивилно општество. Затоа им даваме силна поддршка во нивните напори за заштитата на својата професија и углед. Се спротивставуваме на секакво етикетирање на медиумите. Власта нема право, за сите свои пропусти и афери да ги обвинуваат новинарите. Од новинарството не може да се бара, да аминува се од власта, да прикажува дека се е регуларно односно слабостите и аферите да не ги регистрира. Медиумите за сите политички субјекти, особено за владејачките партии, треба да се посакуван коректор и така да се изградуваат и поддржуваат.

Б.ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА ПОЛИТИЧКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ

Основни програмски цели на ТМОРО - ВЕП се:

  1. ТМОРО - ВЕП ќе се залага за градење на силна и чесна Држава Македонија со радикална обнова.
  2. Нема да дозволиме ниту еден граѓанин на нашата држава да биде над законот.
  3. Конечна смена на системот произлезен од комунизмот и сите негови остатоци.
  4. Конечен крај на транзицијата која е измислен поим.
  5. Итна организација на правна држава.
  6. Стоп на криминалот, митото и корупцијата.
  7. Зголемување и спроведување на санкции кон сите кои го кршат законот и уставот на Република Македонија.
  8. Експропријација на имот на сите криминалци за кои ќе се докаже дека имотот е стекнат нечесно.
  9. Силна поддршка на капиталот за негово непречено инвестирање и оплодување.
  10. Државна гаранција за сите финансиски трансакции.
  11. Реформа на правосудниот систем по пример на правосудниот систем на Германија.
  12. Реформа и организирање на земјоделското производство и агро индустријата по примерот на Грција.
  13. Нова стратегија и цели на нашата дипломатија со силна пропаганда во интерес на пласман на нашиот домашен производ.
  14. Укинување на царини и хомологации на автомобилите и моторните возила и разните ограничувања за нивен увоз.
  15. Гарантирање на мирот и сигурноста на секој чесен и лојален граѓанин на Македонија.
  16. Добро платена полиција во која нема место и за најмала корупција и нечесност подржано со силни санкции.
  17. Мала но силна модерна армија со платена војска.
  18. Итно носење на закони кои ќе не изедначат со законодавството на Европа.
  19. Во консултации и соработка со наши пријатели од Европските држави во првите шест месеци по наредните избори од страна на нашите претставници во парламентот ќе бидат предложени сите потребни закони за изедначување на нашите закони со Европските иако тоа е огромна работа и бројот на законите е со милионски цифри.

В. ТЕМЕЛНИ ПОЛИТИЧКИ ПРИНЦИПИ

ТМОРО - ВЕП, на македонската политичка сцена, ќе промовира нови принципи на политичко дејствување и нов пристап на решавање на политичките и економските прашања од важност за државата и општеството. Нејзината организациона структура и програмски определби ќе ги користат искуствата на современата европска демократија.

ТМОРО - ВЕП ќе соработува, врз основа на обострана корисност, со сродните и други партии во Република Македонија, како и со сродните партии во Европа и светот.

Делувањето на ТМОРО - ВЕП ќе се базира во демократските принципи и почитувањето на индивидуалните ставови, кои се гарантирани со Статутот на ТМОРО - ВЕП. Демократијата не ја сфаќаме како процедура, туку како динамичен процес кој ги балансира спротивставените интереси и ги амортизира општествените конфликти.

ТМОРО - ВЕП ќе гради нов вид врски меѓу граѓаните и политичарите, свесни дека иднината на современа и функционална политика носат само политичари на кои им веруваат граѓаните.

ТМОРО - ВЕП ќе обезбедува поголемо учество на граѓаните во работата на партијата, стимулирајќи различни гледишта.

ТМОРО - ВЕП, особено потесните раководства, ќе се промовираат повеќе како истражувачки центар, или работилница, но не и како воен штаб. Убедени сме дека иднината на политичките партии, воопшто, почива на развивање на културата на дебатирањето, дијалогот и критичко разбирање на работите , каде граѓаните ќе можат да помогнат во утврдувањето на националните приоритети, а не само политичарите, или експертите да им кажуваат што е добро, а што лошо за нив.

Организациската поставеност отвора простор , во рамките на партиското делување, преку советите, комисиите, секциите, активите и другите форми на делување, свој придонес, по определени прашања, да дадат и граѓани симпатизери поддржувачите , кои не се членови на ТМОРО - ВЕП.

Пристапот за решавање на прашањата ќе содржи политичка и стручна компонента, како вистински начин за осознавање и надминување на проблемите.

На македонската политичка сцена, ТМОРО - ВЕП, внесува функционални новини и во начинот на своето организирање. Комисиската организираност на ТМОРО - ВЕП обезбедува во заземањето и градењето на ставови за прашања од работата на партијата, да учествуваат поединци, експерти во своите области, кои не мора да бидат членови на ТМОРО - ВЕП, ако со тоа се реализираат заклучоците и ставовите на Оперативниот штаб и Националниот комитет, како и другите органи и тела.

Комисиите ќе функционираат на сите нивоа на територијалната организација . Нивната работа се регулира со посебен правилник.

Со новата организациска поставеност и партиско делување, во кадровската политика се обезбедува пропулзивност на кандидати со нагласени индивидуални квалитети, истовремено способни за колективна работа.

Членови на раководствата на сите нивоа на организационата поставеност, можат да бидат лица од сите старосни, социјални, етнички, родови и образовни категории.

ТМОРО - ВЕП, пред секои избори: локални, парламентарни и претседателски, ќе организира претходна, внатре-партиска проверка на своите кандидати, со цел да се дојде до најквалитетните и најприфатливи личности кај избирачкото тело.

ТМОРО - ВЕП, во однос на другите партии, ќе применува демократски методи и средства, взаемно почитување и разбирање, соработка и припомош во остварувањето на базичните човекови права слободи од - една, односно остварувањето на стратешките интереси на земјата, од друга страна. Убедени сме дека партија во која нема да владее демократија на подолги патеки, не може да дојде на власт ниту пак да остане на власт.

*Заштита за културното и историско наследство:

Г. ОСНОВНИ ВНАТРЕ-ПАРТИСКИ ПРИНЦИПИ

ТМОРО - ВЕП, со својата внатре-партиска поставеност, промовира нови, современи принципи на делување: