Татковинска Македонска Организација за Радикална Обнова

ТМОРО - ВЕП



П Р А В И Л Н И К

За РАБОТА И ФУНКЦИОНИРАЊЕ

На

ТАТКОВИНСКА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА РАДИКАЛНА ОБНОВА
ТМОРО - ВЕП

СЛОБОДА или СМРТ за МАКЕДОНИЈА!
Да живее МАКЕДОНИЈА и ТМОРО со неа.

Скопје 06.07.2006 година

Како реално укажана потреба по формирање на ТМОРО ВЕП, а со цел формирање на партиска инфраструктура по целата територија на Македонија со што како и организирање на членството во територијални Месни, Општински и Регионални комитети, сите членови и симпатизери се повикуваат на доследно и целосно почитување на овој „ПРАВИЛНИК“ со што ќе створиме основни услови за практично функционирање на ИДЕАТА и замислата на членовите и симпатизерите на партијата.

А. МЕСЕН КОМИТЕТ НА ТМОРО ВЕП
Б. ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ (ОК) НА ТМОРО
В. ОПШТИНСКИ НАДЗОРЕН ОРГАН
Г. ЧЛЕНСКИ (ПАРТИСКИ) ЛЕГИТИМАЦИИ
Д. МЕСЕН - ОПШТИНСКИ ШТАБ
Ѓ. СОСТАНОЦИ
Е. КОРИСТЕЊЕ И УПОТРЕБУВАЊЕ НА ПЕЧАТИ
Ж. ПРИЛОЗИ
З. РЕГИОНАЛНИ КОМИТЕТИ

А. МЕСЕН КОМИТЕТ НА ТМОРО ВЕП

  1. МК се формира на иницијатива на минимум 10 членови на ТМОРО ВЕП кој се со место на живеење во иста месност, населба,село населено место со подготвување на -Предлог иницијатива за ФОРМИРАЊЕ на МК _________ на ТМОРО;
  2. Предлагачите се обврзани да имаат претходно потпишано пристапници,
  3. Доколку пристапените членови иницијатори за МК се членови на друга политичка партија пожелно е да земат и имаат писмена истапница од истата;
  4. Иницијаторите во соработка со координаторот, член на Националниот Комитет (НК) со претходно добиена официјална предлог листа на МК ја пополнуваат и достават до НК,
  5. Закажаниот и договорен датум за формирање на комитетот со координира со НК од причина:
    • канење на гости претставници од лок. Самоуправа, други МК од месноста општината,радио ТВ и новинарски куки по можност,
    • координирање и канење на претставници од потенцијални ТМОРО ОК и МК во формирање
    • Канење и присуство на претставници од НК и др. партиски структури,
    • повикување на присутност на приватни стопанственици (локални) по можност и останати
  6. За одржаното Основачко собрание за МК се сочинува официјална потребна документација и стои кај Ген. секретар.
  7. Структура на МК
    • Месен Координатор
    • Месен секретар
    • Месен благајник
    • По потреба
    • членови
      - 1
      - 2
      - 3
      - 4
      - 5
  8. МК не го следува партиски печат;
  9. Доколку е можно во ист ден може да се формираат 2 и повеќе МК од иста општина или територијален регион
  10. Координаторот на МК по автоматизам е и член ОК под која припаѓа МК,
  11. Координаторот учествава и предлага рамноправно кандидати за листи за локални избори како и за предлог пратенички кандидати за Парламентарни избори во рамките на МК,ОК- Изборна единица.
  12. За време на избори било кои по потреба, можност и во взаемен договор луѓето од МК организираат работа на штаб за време на кампања, организира договорени средби со граѓани, трибини и митинзи.
  13. МК подготвува и организира набљудувачи за денот на избори по гласачки места,
  14. По можност во сите поголеми градови каде просторно И територијално е можно,формирање на МК ќе се формираат по сите населени места,
  15. ДОКУМЕНТАЦИЈАТА од МК по формирање на ОК се чува во ОК доколку тоа не е изводливо инаку,
  16. Сите потребни состаноци членовите од МК можат да ги одржуваат во штабната просторија на ОК доколку таква е обезбедена,а се до нејзино обезбедување на договорено место од членовите,

Б. ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ (ОК) НА ТМОРО

  1. По оформени 3 МК во делот на една општина по автоматизам Ген. секретар на ТМОРО предлага и организира формирање Општински комитет (ОК),
  2. Координаторите од МК се членови на ОК а комитетот се предлага и состои од 5 до 15 члена во зависност од големината на општината по жители а бројот се утврдува со семите координатори на МК и не е константно ист,
  3. Закажаниот и договорен датум за формирање на ОК со координира со НК од причина:
    • канење на гости претставници од лок. Самоуправа, други ОК,радио ТВ и новинарски куки по можност,
    • координирање и канење на претставници од потенцијални ТМОРО ОК и МК во формирање
    • канење и присуство на претставници од НК и др. партиски структури,
    • повикување на присутност на приватни стопанственици (локални) по можност и останати
  4. За одржаното Основачко собрание за МК се сочинува официјална потребна документација и стои кај Ген. секретар.
  5. Структура на ОК:
    • Градови - општини до 30.000 илјади жители (ОК со 5 и 7 члена)
    • Претседател на ОК
      - Потпретседател на ОК И Општински секретар
      - Општински благајник
      - Општински Координатор
      - Општински координатор
      - Член 1 (координатор на МК)
      - Член 2 (координатор на МК)
    • Посебно тело
      - Општински Надзорен орган (три члена)
    • Градови - општини до 30.000 илјади жители (ОК со 9,11,13 и 15 члена)
    • Претседател на ОК
      - Потпретседател на ОК
      - Општински благајник
      - Општински секретар
      - Општински Координатор
      - Општински координатор
      - Член 1 (координатор на МК)
      - Член 2 (координатор на МК)
      - Член 3 (координатор на МК)
      - Член 4 (координатор на МК)
      - Член 5 (координатор на МК)
      - итн.
    • Посебно тело
      - Општински Надзорен орган ( три члена)
  6. Општинскиот секретар е задолжен со Општинските печати и работи според посебно упатство и задолжение согласно законот за Архивско работење на Р.М.
  7. Општинскиот Комитет со писмен предлог предлага член за НК - може да биде Претседателот на ОК, а и не мора.
  8. ОК се ре-избира И ревидира после секои избори во РМ.
  9. ОК по писмен пат учествува во формирањето и подготвувањето на сите изборни листи.
  10. За време на избори било кои по потреба, можност и во взаемен договор луѓето од ОК организираат работа на општински штаб за време на кампања, организира договорени средби со граѓани, трибини и митинзи во тесна соработка со МК од ОК и соседни во зависност од потреба.
  11. ОК подготвува и организира набљудувачи за денот на избори по гласачки места, и во Општинска изборна комисија по потреба и во соработка со НК и МК кои се под ОК.
  12. По формирање на ОК претседателството на ОК може да свика и формира МК доколку претходно се исполнети условите 10 членови и поднесена нивна иницијатива за МК.
  13. Општинскиот комитет по самото негово конституирање оформува партиска локална документација.
  14. Членовите на ОК со помош на МК целосно бројчено и људски ги покрива сите ГЛАСАЧКИ МЕСТА со активисти и членови кои за време на избори се практично и Официјални партиски претставници и набљудувачи за што ќе им се подготви и потребна ЛИСТА.
  15. По потреба и со посебна ОДЛУКА од НК или ОК во рамките на ОК ќе се формира и посебно тело наменски, по време место и со луѓе.

В. ОПШТИНСКИ НАДЗОРЕН ОРГАН

  1. Општински надзорен орган го формираат ОК и НК во заедничка соработка и договор.
  2. Општински надзорен орган е обврзано да присуствува на сите состаноци на ОК И МК не водејќи посебен записник.
  3. Активно учествува во сите планирања и предлози за потребни листи.

Г. ЧЛЕНСКИ (ПАРТИСКИ) ЛЕГИТИМАЦИИ

  1. Секој потписник на Пристапница станува и член на ТМОРО ВЕП.
  2. По потпишувањето на пристапница членот од страна на Генералниот секретар добива (со негов личен потпис) партиска легитимација.
  3. Легитимациите се обројчени (нумерирани) и не можат да бидат двојни.
  4. Бројот на легитимацијата не може да се резервира.
  5. Доколку членот излезе од Партиските заложби цели и програмски определби, се исклучува од ТМОРО ВЕП самоволно или со одлука на ...
  6. Изгледот и формата на Партиската легитимација е еднолична и иста за сите.
  7. Легитимацијата ја добива на некој од состаноците или друг вид на средба во присутност на лицето кое ја добива легитимацијата и по можност присутност на локалниот координатор.
  8. Член кој е со партиска легитимација на ТМОРО ВЕП пожелно и морално е да не поседува членска од друга политичка партија.

Д. МЕСЕН - ОПШТИНСКИ ШТАБ

  1. Со формирање на 3 МК кои се планирани по 10 и повеќе членови, како услов е формирање на ОК, кои имаат можност и за користење на Штаб.
  2. Општинскиот Штаб е просторија која е во надлежност на ОК и истата е потребно да ги исполнува сл. услови, норми и принципи:
    • Да е на улица во центар на градот.
    • Со тек на време да биде во црвено - жолта боја.
    • На предниот стаклен дел да има по можност фолија, држач за знамиња, и со тек на време светечка ознака реклама.
    • Со тек на време и поставување на компјутер за потребите на ОК со КМ кои ги има во склоп на ОК.
    • Општинскиот Штаб во време на ИЗБОРИ по можност ако големината одговара - претставува (ОПШТИНСКИ ИЗБОРЕН ШТАБ).
    • Најстрого е забрането користење на АЛКОХОЛ во самата штабна просторија.
    • Месен,Општински Штаб- просторијата ја користат членовите на комитетот исклучиво за состаноци и друг вид средби со членовите и симпатизерите.
    • Користењето на штабната просторија е во надлежност и координација и договор на Претседателот на ОК,Општинските координатори како и останатите Координатори на МК.
    • Плаќањето на просторијата го регулираат членовите на МК кои се во ОК со собирање на партиска членарина во зависност од бројот на членови и цената на чинење на просторијата.
    • Доколку некои од членовите во ОК има соодветна просторија или локал кои ги задоволува потребите за штаб а притоа има желба ба ја отстапи за партиска намена по негова желба со договор може да го стори тоа.
    • Доколку има личност што за некој од тековните месеци сам донира или ја плака киријата исто е во можна опција притоа водејќи потребна пишана евиденција од ОК.
  3. Доволен е еден Општински штаб.

Ѓ. СОСТАНОЦИ

  1. Состанок свикува Претседателот на МК или ОК.
  2. Состанок може да свикаат и останати членови на МК и ОК.
  3. Лицето кое го води состанокот е обврзано состанокот да го води со официјален дневен ред со срочен записник и да е воден од записничар.
  4. Состаноците се водат во Официјални тетратки за СОСТАНОЦИ кои се оформуваат со самото формирање на МК и ОК.
  5. Доколку е донесен став, заклучок, потреба, барање,одлука или друга форма на АКТ истиот се доставува до потребниот СУБЈЕКТ за кого и се однесува Документот со потпис, печат од доставувачот и впишан архивски број со Што актот станува и официјален (за секоја нејаснотија слободни се консултации со членови на НК).
  6. ОК одржува состанок еднаш месечно и тоа во ден од 15 до 20 во месецот обавезно со присуство на сите избрани во комитетот по однапред договорен дневен ред.
  7. Општинскиот надзорен орган активно и практично учествува во работата на МК и ОК.

Е. КОРИСТЕЊЕ И УПОТРЕБУВАЊЕ НА ПЕЧАТИ

  1. Печати користи и има ОК,
    • Печатите ги добива и употребува по ОДЛУКА на НК,
    • • Важноста на печатите е се до нивно ОТПОВИКУВАЊЕ и ПРЕСТАНОК со посебна одлука од страна на НК,
  2. Со печатите работи и ги користи Претседателот на ОК Потпретседателот на ОК и Општинскиот секретар.
  3. При употребата на печатите да се користи официјалниот правилник и ЗАКОН за Архивско работење.
  4. По секое ставање на печат од ОК на ТМОРО ВЕП подносителот на документот е обврзан да стави потпис на ПОЛНО ИМЕ и ПРЕЗИМЕ.
  5. Потписникот на документот сноси полна одговорност во секој поглед во случај на Штета на членството,Комитетот и партијата.
  6. Претседателот на ОК е обврзан да формира и води посебна ДЕЛОВОДНА КНИГА во која ќе ги бележи броевите на актите на сите документи.

Ж. ПРИЛОЗИ

З. РЕГИОНАЛНИ КОМИТЕТИ

  1. Градски Комитет СКОПЈЕ
    (Изборна единица 1)
    (Изборна единица 2)

    СТРУКТУРА на ГК – Скопје:

    Претседател на ГК на ТМОРО - Скопје
    • Потпретседател
    • Секретар
    • Технички секретар
    • Координатор
      - Координатор за ИЕ - 1
      - Координатор за ИЕ - 2
    • Од секој ОК по еден член воедно и во својство на Општински координатор во Градскиот комитет.
    • Тројца членови (советници) од Град Скопје кои лично се избрани од Претседателот на ГК
    Избор на ГК - Скопје
    • Изборот се врши по одлука на НК
  2. Штип - Делчево (Изборна единица 3)
  3. Струмица - Кавадарци(Изборна единица 4)
  4. Битола - Охрид(Изборна единица 5)
  5. Тетово - ( Изборна единица 6)

-ТМОРО-ВЕП-
Национален Комитет
Татковинска Македонска Организација за Радикална Обнова
Т М О Р О - В Е П